Во 2024 година Тадеј Погачар го зацврсти својот статус на еден од најдобрите велосипедисти на сите времиња со сезона што тој самиот ја опиша како речиси совршена. Победи на престижни трки, вклучувајќи ги Џиро д'Италија (Giro d’Italia), Тур де Франс (Tour de France) и Светското првенство во друмски велосипедизам. Тој стана првиот велосипедист во историјата што во иста година победил на споменатите трки, како и на трката Ил Ломбардија (Il Lombardia). Со таа победа тој постигна уште еден историски резултат, по 75 години стана првиот велосипедист што победил на трката четири пати по ред.
Во 2024 година Погачар славеше вкупно 25 победи, вклучувајќи ги и двете победи во велосипедските класици (Лиеж–Бастон–Лиеж и Страде Бјанке). Неговата доминација не беше ограничена само на индивидуален успех, со оглед на тоа што неговиот тим од Обединетите Арапски Емирати го освои првото место на Светската екипна ранг-листа за велосипедизам.
Неговата тактика, кондиција и способност да се справи со притисоците на големите трки во една сезона станаа пример за тоа како да се поместат границите на велосипедизмот. Придонесот на Погачар во спортот оди подалеку од само победа, бидејќи тој со својата скромност и посветеност инспирира милиони луѓе низ светот.