„Хајлосенс“ е на познатиот Горјан Јовановски - активистот од Зелен хуман град, урбан лик кој веќе сите добро го знаеме. Деновиве можеби не го гледаме низ главниот град (кому му остана загаденоста како една постојаност) затоа што многу често е во странство (во моментот на нашиот разговор беше во Кјото, Јапонија).
Горјан Јовановски/Хајлосенс
Неговата нова компанија всушност е истата добро позната „Ерткер“ (Eartcare),која произлезе од „Еркер„ (Aircare) a сега e ребрендирана во Хајлосенс“ (hylosense). Главниот домен на работа повторно е предвидување на временските услови, но со помош на вештачка интелигенција. Фокусирани се исклучиво за енергетскиот сектор, па бројни енергетски компании од Европа и САД, а сега и од азиските земји го бараат нивните решенија за прогноза.
„Почнавме да работиме со многу енергетски компании во Европа, кои произведуваат струја па од исклучително значење им е да знаат прецизно каква е временската прогноза. Во моментот работиме со големи британски, француски, италијански и турски компании. Неодамна победивме на фински натпревар за стартапи, па почнавме да работиме и со финска компанија. Се фокусираме на енергетиката, вели Јовановски.
Со оптимизам во гласот и енергија која поместува граници, Јовановски го градеше својот бизнис низ годините.