Постои над три децении, а се занимава со производство на овошни пијалоци во дојпак амбалажа, меѓу кои најпознати се сокчињата „АмиГО“ и „ВитаГО“ со голем производствен капацитет. Од март 2026 година, Амиго гранде ќесичките да бидат достапни за извоз низ целата Европска Унија.
Горица Спасеска/Соко Горица
Вкусовите инспирираат па затоа на нашата листа е и компанијата „Соко Горица“. Нашиот избор е визијата на оваа компанија да се ориентира исклучиво на извоз, а во 2025 година да освои низа пазари на кои можеби и не допрело нешто македонско.
И токму во 2025 година компанијата договори да влезе во нов поход. Од март 2026 година, Амиго гранде ќесичките да бидат достапни за извоз низ целата Европска Унија. На тоа претходеше процес на прилагодувања на усогласеноста на пакувањето за да ги исполни сите регулативи на ЕУ за пакување и одржливост. Во Словенија, компанијата доби сребрена награда за ЕСГ регионален лидер којашто ја доделува Светскиот конгрес на претприемачи и Перспектив форумот.
Во годината што изминува „Соко горица“ почна да извезува во Кувајт, Сирија, Барбадос...