text size
„Нелт“, компанија што работи во областа на логистиката и прехранбената индустрија, оваа година инвестираше околу 30 милиони евра и очекува раст од девет проценти и приход од 1,5 милијарда евра. Досегашната стратегија беше фокусирана на унапредување на работењето, со потпирање на здрава организација и корпоративни вредности. Но најавуваат нова инвестициска фаза преку аквизиции на компании од секторот за здрава храна и грицки.