Најголемата домашна фармацевтска компанија „Алкалоид“ во 2026 година очекува да влезе со продолжување на циклусот инвестиции, што беше клучен синџир во развојот и во годината што измина. Постојаното вложување во нови производствени капацитети и опрема, но и во развојно-истражувачки проекти ја сместува компанијата на едно од водечките места во регионот. Визијата да се иновира во турбулентни услови и да се гради конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите беше една од клучните при изборот на компанијата на нашата листа.
Живко Мукаетов, главен извршен директор на „Алкалоид“
„Како докажан партнер на јавното здравство, компанијата активно учествува во обезбедувањето најсовремени ретки и специфични терапии преку застапување на производите на светски реномирани фармацевтски производители, обезбедувајќи значајна поддршка за здравствениот систем во земјата, велат од „Алкалоид“.
Во првите девет месеци од 2025 година „Алкалоид“ оствари извоз од 160,4 милиони евра, вкупните инвестиции беа 15 милиони евра, а вкупните консолидирани продажби во тој период изнесуваа 246,6 милиони евра.