По 80 години постоење, „Реплек“ целосно се фокусира кон иновација, модернизација и автоматизација. Производството на лекови е основна дејност на компанијата, а во последниот период инвестициите го движат забрзаниот раст.
„Реплек“ има свој уникатен развој, кој силно придонесува за развојот на македонската фармацевтска индустрија. Компанијата во 2025 година отвори нов производствен капацитет вреден над два милионa евра. Станува збор за високотехнолошко решение, со што капацитетот на компанијата се зголеми, особено на цврстите форми, чие производство треба да порасне за 25 отсто.
Овие инвестиции се дел од долгорочната стратегија на „Реплек“ за севкупна модернизација на производствените процеси, кои треба да овозможат одржлив раст и дополнително зголемување на извозната конкурентност на компанијата.
Душан Пецовски, главен извршен директор на „Реплек АД“
„Ова е целосна линија од почеток до крај, од таблетка до финална транспортна кутија, и е прва најголема поединечна инвестиција во изминатите 80 години“, вели Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.
„Реплек“ во моментов е присутен во 25 држави, а планот е до 2030 година таа бројка да се зголеми на 40.