text size
И додека домашната берза останува заспана, се шири алтернативен начин на инвестирање преку форма на т.н. SPV (англ. special purpose vehicle) – посебни наменски компании што обединуваат поголем број помали инвеститори за заеднички да вложат во еден проект. Иако во светот со години постои таков модел, домашната регулатива не го препознава, поради што процедурите се комплицирани, бавни и проследени со обемна документација. Сепак, инвеститорите што бараат можности надвор од недвижности, криптовалути или класична берза почнуваат да го прифаќаат.