САД и Кина на преговарачка маса бараат решение за трговската војна
Пред разговорите, Доналд Трамп сигнализираше потенцијално отстапување, најавувајќи намалување на царините за кинеските стоки од 145 проценти на 80 проценти.
пред 14 часа
19 мај 2023, 17:29
Градскиот совет донесе одлука за јавен ред и мир на подрачјето на Сплит
За време на туристичката сезона ќе се казнува несоодветното однесување на јавни места
МИА
Градскиот совет на Сплит донесе одлука за јавен ред и мир на подрачјето на Сплит, според која за време на туристичката сезона ќе се казнува несоодветното однесување на јавни места.
Прочитајте повеќе: „Кроација ерлајнс“ воведува нова сезонска авиолинија Скопје - Сплит
Во согласност со таа одлука, со 300 евра ќе се казни консумирање алкохол на јавна површина, вршење нужда на јавна површина, спиење по паркови, тревници, плоштади и други јавни површини; консумација на храна или пијалаци на површина за јавна употреба и престој во угостителски објекти по завршувањето на работното време, пренесува порталот „Индекс“.
Прифатен е и амандман за парична казна од 300 евра за качување и седење на споменици и спомен-плочи, влегување, качување и/или капење во фонтани и нудење и склучување договор за такси-услуга што не била однапред договорена.
Повраќање на јавни површини, како и градежно-монтажни работи од 14 до 17 часот и од 22 до 19 часот, ќе се казнуваат со парична казна од 150 евра, за да се спречи бучава.