text size
Премиерката на Велика Британија, Лиз Трас се откажа од планот за намалување на даноците за најбогатите само 10 дена по објавувањето на ваквата мерка. Со овој потег, Трас се обидува да го смири незадоволството околу планoт меѓу бунтовните членови на нејзината Конзервативна партија во британскиот парламент.