Претседателот на САД, Џо Бајден, во историско обраќање до нацијата синоќа, прво такво по она на Линдон Џонсон во 1968 година, ја објасни својата одлука да се повлече од претседателката трка и посочи дека „ѝ ја предава штафетата на новата генерација“.
Според него, таа генерација треба да биде предводена од „големиот лидер, потпретседателката Камала Харис“.
Во говорот од својот кабинет, кој траеше околу 20 минути, Бајден изјави дека „ја предава штафетата“ и за првпат им ја кажа на Американците причината за неговото неочекувано напуштање на изборите во 2024 година.
Прочитај повеќе

Харис обезбеди доволно делегати за да ја добие номинацијата
Американската потпретседателка обезбеди поддршка од мнозинството делегати за да стане претседателски кандидат.
23.07.2024

Трамп добива на популарност во Кина откако Харис влезе во трката
Потпретседателката на САД, Камала Харис стана актуелна тема на кинеските социјални мрежи.
22.07.2024

Џо Бајден се повлекува од трката за претседателските избори во САД
Бајден (81) ѝ се заблагодари на потпретседателката Камала Харис (59) што е „извонреден партнер“
21.07.2024

Трамп целосно ја презеде контролата, кампањата на Бајден тргна надолу
Доналд Трамп уживаше во моментот на конвенцијата во Милвоки синоќа
19.07.2024

Нов проблем за Бајден - има ковид
Високи лидери на Демократската партија лично го предупредуваат Бајден дека веројатно нема да го победи Доналд Трамп.
18.07.2024

Трамп се чувствува добро по обидот за атентат
Трамп беше застраелан во десното уво
14.07.2024

Тимот на Бајден таинствен околу честите посети на доктор за Паркинсонова болест
Aдминистрацијата сака да ја смири загриженоста за честите посети на Белата куќа од специјалист за Паркинсонова болест.
09.07.2024

Трамп: Кај Бајден не се проблем годините, туку неговата способност
„Победивме човек кој навистина сака да ја уништи нашата земја“, рече Трамп во однос на исходот од дебатата.
29.06.2024

Лошиот настап на Бајден во дебатата со Трамп фрла голема сенка врз неговиот реизбор
Уморниот претседател изгледаше како да му тежи секој ден од неговите 81 година.
28.06.2024
„Во последниве недели сфатив дека треба да ја обединам мојата партија. Сметам дека мојот труд како претседател, моето лидерство во светот, мојата визија за иднината на Америка - сето тоа заслужуваше втор мандат“, рече претседателот на САД.
„Но ништо, ништо не смее да спречи спасување на нашата демократија. Тоа вклучува и лични амбиции. Затоа решив дека најдобриот пат напред е да ѝ ја предадам штафетата на новата генерација. Тоа е најдобриот начин да ја обединиме нашата нација“, изјави Бајден, алудирајќи на тоа што демократите го сметаат за опасност од враќање на републиканскиот кандидат Доналд Трамп во Белата куќа.
„Длабоко ја почитувам оваа функција“, истакна претседателот и додаде: „Но повеќе ја сакам мојата земја“.
Во своето прво обраќање до нацијата по излегувањето од претседателската трка, 81-годишниот претседател го прикажа своето наследство како извонредно и изјави дека ќе остане на функцијата уште шест месеци, до крајот на неговиот мандат, кој завршува на 22 јануари 2024 година.
„Заштитата на демократијата е поважна од која било функција. Сила и радост црпам од работата за доброто на американскиот народ. Решив дека најдобриот пат напред е да ѝ ја предадам штафетата на новата генерација. Тоа е најдобриот начин да ја обединиме нашата земја“, повтори тој.
Бајден потврди дека во следните шест месеци „ќе биде фокусиран на исполнување на своите обврски како претседател“.
„Тоа значи дека ќе продолжам да ги намалувам трошоците за работничките семејства и да ја развивам нашата економија. Ќе продолжам да ги бранам нашите лични слободи и нашите граѓански права - од правото на глас до правото на избор“.
Со поддршката дадена од Бајден, потпретседателката Камала Харис (59) собра доволно гласови од делегатите за да стане претседателски кандидат од Демократската партија. Таа е подготвена да се соочи со Трамп, кој веќе ја започна својата предизборна кампања и кој на митингот во Северна Каролина ги упати првите стрели против Харис, во говор во негов стил, со потсмев и подбивање, при што намерно избегнуваше да го изговори нејзиното име правилно.
„Благодарение на вашата поддршка, продолжувам да се борам за иднината на нашата земја“, рече Харис во своето обраќање пред заедницата на главното сестринство на Афроамериканките со седиште во Индијанаполис.
Таа го критикуваше „Проект 2025“, радикален план за владина реформа предводена од Трамп, како обид „да ја врати Америка во темното минато“.
Харис (59) во својот говор му оддаде почит на Бајден, изјавувајќи дека неговото обраќање е посветено „не само на извонредната работа што ја заврши туку и на неговата работа во наредните шест месеци“.
На големо изненадување на американската и светската јавност, Бајден во неделата објави дека нема да се кандидира повторно, подлегнувајќи на притисокот по неуспешната телевизиска дебата со Трамп минатиот месец и по критиките од својата партија дека неговата старост, когнитивните пречки и говорни лапсуси ќе доведат до победа на Трамп на изборите во ноември.
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, синоќа им изјави на новинарите дека одлуката на Бајден „нема никаква врска со неговото здравје“. Таа негираше дека Белата куќа криела какво било можно влошување на состојбата на Бајден.
Тој се врати во Белата куќа во вторникот, по речиси еднонеделно боледување во својот дом во Делавер, откако минатата недела се зарази од ковид и помина време во изолација. За време на карантинот Бајден ја донесе одлуката да се повлече од претседателската трка.
Републиканците го повикаа Бајден да се повлече и од функцијата претседател, а некои републиканци во Конгресот подготвуваат тужба за наводна операција на прикривање и пуч, тврдејќи дека неговото напуштање и именување на Харис за свој наследник се незаконски постапки. Тие изјавија дека ако не е способен да се кандидира за претседател, тогаш не е способен ни да ја води земјата.
Бајден, кој е сѐ повеќе критичен кон воената кампања на Израел во Појасот Газа, денеска во Белата куќа се среќава со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.