text size
Унгарија е подготвена да го искористи Претседателството со ЕУ и да посредува во прашањето со Бугарија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е во официјална посета на земјава. Тој посочи дека има предлог што му го презентирал на премиерот Христијан Мицкоски. Одвојувањето од Албанија, Орбан го оцени како голема грешка и порача дека „Вие до крајот на годината мора да ги започнете преговорите за зачленување во ЕУ“.