text size
Од 1 август се укинуваат сите дозволи што се разменуваа на реципрочна основа на годишно ниво, а кои се однесуваат за превоз на стока што се врши за и од трети земји помеѓу Македонија и Србија. Ова подразбира целосна либерализација на транспортот на стока и се однесува за сите еколошки возила, почнувајќи со стандард од евро 1, евро 2, евро 3, евро 4, евро 5 и евро 6, соопшти Министерството за транспорт и врски.