text size
Хрватскиот Институт ИГХ е фирма во руска сопственост и сите средства кои ги поседува се во руска банка, тврди првиот вицепремиер Артан Груби. Тој во телевизиско гостување изјави дека информацијата ја дознале откако во јули оваа со компанија Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) склучи договор за надзор врз изградбата на државните автопатишта. Првиот вицепремиер алудираше во изјавата дека можеби е добро што договорот со ИГХ подоцна во август беше раскинат затоа што ако останало така ова можело да биде некое сценарио за минирање на изградбата на Коридорот 8 и американската компанија Бехтел и Енка која е изведувач на градежните работи. Инаку ЈПДП го раскина договорот со Институт ИГХ затоа што оваа компанија не успеа да обезбеди банкарска гаранција кон договорот во вредност од 2,6 милиони евра.