text size
Намалената побарувачка веќе втора недела по ред ја турка цената на струјата надолу на берзата која е клучна за македонските компании. На унгарската берза Хупекс (Hupx) од каде по берзански цени домашните фирми најмногу набавуваат струја, еден мегаватчас испорачан завчера чинеше 106 евра, што е за 44 проценти помалку од минатиот понеделник односно од стартот на претходната недела. Ако се анализира цената на струјата на Хупекс од 23 септемеври и овој 23 октомври падот на цената е над 72 отсто. Тогаш мегаватчас изнесуваше 386 евра.