text size
Министерството за економија подготвува предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за индустриски и зелени зони. Во образложението на предлог-законот објавено на Единствениот национален електронски регистер на прописи се вели дека потребата од изменувањето и дополнување на регулативата е поради допрецизирање на одредени постапки за основање на зоните во зависност од статусот на основачот, како и утврдување на исклучоци во руралните општини со што би се овозможил побрз економски развој на руралните општини, а воедно би се поедноставила постапката за основање во истите.