text size
Најголем процент од невработените во земјава се со завршено високо образование. Според последните статистички податоци, кои се однесуваат на третиот квартал од годинава, како невработени лица со завршен факултет се водат 19.642 лица или над 11 отсто од вкупното активно население со комплетирано високо образование.