text size
Високите температури ја зголемија потрошувачката на електрична енергија во земјава. Од „ЕВН хоум“ информираат дека во текот на вчерашниот ден е регистрирана најголема потрошувачка на електрична енергија, која изнесувала 16.015 мегават-часа (MWh), со оглед на измерените температури од минимални 21 Целзиусов степен и максимални 38 Целзиусови степени во скопски Аеродром. Од 17 јуни до 17 јули се потрошени 405.028 мегават-часа, велат од „ЕВН хоум“.