text size
Падна системот за наплата со банкарските картички. Граѓаните веќе неколку часа не можат да подигнуваат пари од банкомат ниту да извршат плаќање со дебитните или кредитните картички. Од Македонската банкарска асоцијација велат дека проблемот е со картичките „виза“ (VISA) и „мастеркард“ (MasterCard), кои се недостапни на банкомат или во трговија. Средствата што ги имаат граѓаните се достапни во сите експозитури и филијали на банките, појаснуваат од асоцијацијата.