text size
Со нов предлог-закон за забрана на нефер трговски практики Владата предвидува ограничување на рабатот што го наплаќаат супермаркетите од производителите и добавувачите до максимум десет проценти на годишно ниво. Тоа, како што изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, ќе ги снижи цените на земјоделските и прехранбените производи, но и ќе влијае врз подобрување на нивниот квалитет.