Блумберг - Chief Future Officer
Во рамки на серијалот на емисии од Bloomberg кои предизвикаа најголемо внимание, гледајте ги ексклузивните интервјуа со еминентни експерти од областа на политиката, бизнисот, технологијата, науката, културата и филантропијата. Ема Барнет, наградувана британска новинарка, во емисијата „Emma Barnett Meets“ заедно со своите гости ги толкува актуелните предизвици и бара одговори на прашањата кои секојдневно се поставуваат ширум светот, додека „Chief Future Officers“ го прикажува профилот на менаџерите кои ги обликуваат корпоративните стратегии и вршат трансформации во некои од најголемите светски компании. „Front Row“ oд Bloomberg им се обраќа на економските познавачи и на сите кои сакаат подлабока анализа на дневните движења на пазарот.