Цените на нафтата би требало да бидат многу повисоки од сегашните нивоа ако САД продолжат со планираната поморска блокада на Ормускиот Теснец, според извршен директор - ветеран на пазарот на нафта.
Суровата нафта Брент скокна над 103 долари за барел во понеделникот откако за време на викендот Вашингтон и Техеран не успеаја да постигнат договор, ескалирајќи ја глобалната енергетска криза што ги потресе пазарите. Американските сили ќе започнат со спроведување на блокадата, која се однесува на сите бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа, од 10 часот наутро по њујоршко време во понеделник.
„Бројката што ја видовме утрово - 103 долари; зголемување од 8 проценти - воопшто не го одразува она што може да се случи ако САД навистина одлучат да ја спроведат оваа забрана“, рече извршниот директор на „Оникс Капитал Груп“ (Onyx Capital Group), Хорхе Монтепеке, за телевизијата Блумберг. „Навистина нема смисла. Треба да биде 140, 150 долари.“
Прочитај повеќе
Берзански преглед: Раст на нафтата, пад на акциите поради заканата на Трамп за Ормуз
Суровата нафта Брент скокна за 7,4 проценти на нешто над 102 долари за барел поради загриженоста дека блокадата ќе го наруши протокот на енергенти низ клучниот воден пат.
пред 2 часа
Трамп вели дека САД ќе го блокираат Ормускиот Теснец откако пропаднаа преговорите со Иран
Американскиот претседател тврди дека Иран сака да изнуди патарини за танкерите што минуваат низ Ормуз и дека САД тоа никогаш нема да го дозволат.
пред 18 часа
Како ќе влијае неуспехот на преговорите меѓу САД и Иран врз пазарите?
Се очекува доларот да порасне во понеделник, откако падна за 1,4 проценти минатата недела, заедно со цените на нафтата, велат аналитичарите.
пред 20 часа
Два супертанкери се врaтија од Ормуз по неуспешните преговорите меѓу САД и Иран
Бродовите направија пресврт во последен момент токму кога мировните преговори меѓу САД и Иран пропаднаа.
пред 22 часа
САД и Иран не успеаја да постигнат мировен договор по маратонските преговори
Потпретседателот Џ.Д. Венс изјави дека преговарачите ќе се вратат во САД без договор откако Иран не се обврза дека нема да се стреми кон нуклеарно оружје.
12.04.2026
Блокадата на САД би ја трансформирала регионалната борба во потенцијално глобална борба, со загуба на снабдување до 12 милиони барели дневно, рече Монтепеке. Трговците сметаа дека е „премногу лудо“ двете страни од теснецот да бидат блокирани, па оттука и релативно мирните ценовни реакции за време на азиската сесија, додаде тој.
„Ова е, со еден збор: дементно“, рече Монтепеке во интервју со Хаслинда Амин. „Нема смисла она што го прават САД бидејќи се толку фокусирани на Иран што го губат од вид она што му го предизвикуваат на светот. А болката е во Азија, болката е во Јужниот Пацифик, болката е кај секој што зависи од нафтата“.
Цените на нафтата може да бидат околу 100 долари за барел до крајот на годината ако Трамп повлече некои мерки, според Монтепеке.