text size
Во услови на растечка пазарна волатилност, геополитички тензии и промени на врвот на американската централна банка — Фед, малите инвеститори се соочуваат со бројни предизвици и замки. Додека берзанските индекси како S&P 500 достигнуваат нови рекорди, а еуфоријата околу акции како „Енвидија“ не стивнува, се поставува прашањето дали таквиот раст е одржлив.