text size
На 30 ноември годинава ќе се одржи првата јавна берзанска аукција за продажба на акциите на „Алта банка“ од Битола. Почетната цена е утврдена врз основа на тековната берзанска цена и изнесува 3.777 денари по акција, соопшти Народна банка.
Продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност, по моделот „сè или ништо“, што значи дека се продава целиот понуден акционерски пакет, без можност за купување само на дел од акциите.
На продажба ќе бидат понудини 372.742 обични акции, односно 95,336 отсто од вкупниот број акции, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај.
Прочитај повеќе
Кој ќе ја купи „Алта банка“ – Битола: во игра се наводно две домашни банки
„Алта банка“ - Белград отиде под стечај, а во Македонија, нејзината фирма “Алта банка“ - Битола веројатно ќе се продава преку берзата, како што информираат од Народната банка.
03.11.2026
Кој повлекол 17 милијарди динари за два дена од „Алта банка“
„Блумберг Адрија“ имаше увид во одлуката на Народната банка на Србија, со која беше одземена лиценцата за работа на „Алта банка“.
10.11.2026
НБРМ воведе администрација врз „Алта банка“ Битола
Оваа мерка се презема со цел заштита на имотот на банката и штедачите затоа што во претходните денови од банката биле повлечени околу 2 милиони евра.
01.11.2026
Какви финансиски резултати прикажува „Алта банка“ во Македонија?
Српската „Алта банка“ на која утрово Народна банка на Србија и ја одземе дозволата за работа пред една година стана сопственик на „Стопанска банка“ од Битола.
31.10.2026
„Доколку акциите не бидат продадени на првата аукција, следните аукции ќе се одржуваат последователно, на 1, 2, 3, 4 и 7 декември 2026 година. На секоја наредна аукција почетната цена ќе биде намалена за 10 отсто во однос на почетната цена на претходната аукција“, соопшти НБРМ.
Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во банката, како и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите. На аукциите ќе можат да учествуваат лицата што ги исполнуваат законските услови.
„Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти“, стои во соопштението на НБРМ.