text size
Златото имаше спектакуларен раст во 2025 година, кога порасна за околу 65 отсто, а и претходната 2024 година не беше лоша, со принос од над 25 отсто. Годинава, меѓутоа, не е баш во знакот на блескавиот метал. Откако го достигна својот историски рекорд од близу 5.600 долари за унца кон крајот на јануари 2026, односно порасна за речиси 30 отсто само за еден месец, златото се слизна до околу 3.800 долари до моментот на пишување на овој текст, 18 ноември. Тоа значи дека од достигнувањето на својот врв, златото е паднато за околу 32 отсто, а сметано од почетокот на годинава, загубата е околу 13 проценти, поточно за околу 560 долари за унца.