text size
Драстично зголемување на прометот на Македонската берза има во текот на октомври, годинава, покажуваат податоците од новиот месечен билтен за берзанските показатели. Во октомври е остварен вкупен промет од 915,2 милиони денари (14,8 милиони евра), што е зголемување од 92,6 проценти во однос на септември кога вкупниот промет на берзата изнесуваше 475 милиони денари (7,7 милиони евра).