Грижите за стабилноста на банкарскиот сектор и новите главоболки во политиката на Федералните резерви (ФЕД) предизвикаа драматични промени во сè, од приносите на двегодишните обврзници и финансиските акции до тргувањето со злато.
Додека главните капитални индекси закрепнуваат од минатонеделниот пад, новата нестабилност ги зафаќа сите видови средства со повеќекратни прекини во тргувањето што денеска ги погодија регионалните банки.
„Кога терминалната стапка ќе се промени за 100 базични поени во услови на сè уште многу тесен пазар на трудот, ќе добиете постојана нестабилност на стапките и, според тоа, зголемена нестабилност меѓу класите на средства“, вели Мајкл Пурвс, основач и главен извршен директор на „Толбекен капитал“ (Tallbacken Capital Advisors).
Во продолжение набројуваме неколку големи пазарни потези што го тресат не само Волстрит туку и пошироко.
BloombergAdria.com
Превирањата предизвикаа брза промена во очекувањата за следните потези на ФЕД. Трговците сега проценуваат помалку од 50 отсто шанси ФЕД да ги зголеми каматите уште за четвртина поен во овој циклус. Големата промена во очекувањата за политиката на ФЕД го доведе приносот на двегодишните трезорски записи на најсилниот тридневен пад од црниот понеделник во октомври 1987 година. Двегодишните приноси во еден момент паднаа речиси за 60 базични поени, на 3,99 отсто, стапка што е најниска од октомври.
BloombergAdria.com
„Фрст рипаблик банк“ (First Republic Bank), чие седиште е во Сан Франциско, падна дури за 78 отсто, а тргувањето со акциите беше запрено поради нестабилноста, бидејќи веста дека обезбедила дополнително финансирање не ги смири инвеститорите.
BloombergAdria.com
Индексот на нестабилност Cboe, кој е мерило за трошоците за опции (поврзан со индексот S&P 500 и познат како VIX), денеска накратко скокна меѓу првите 30, за првпат од октомври минатата година.
BloombergAdria.com
Индексот на „Блумберг“ за вредноста на доларот денеска падна во трета трговска сесија по ред, бришејќи го својот напредок од почетокот на годинава, додека другите валути од групата 10 најтргувани, вклучувајќи го и јапонскиот јен, зајакнаа во однос на зелената банкнота.
BloombergAdria.com
Златото се искачи на едномесечен максимум, продолжувајќи ја добивката од петокот, додека инвеститорите се префрлаат во безбедни засолништа.
Цените на нафтата малку паѓаат по најавите за можен напредок во преговорите меѓу САД и Иран, додека пазарот внимателно ги следи посетата на Трамп на Блискиот Исток и претстојните извештаи на ОПЕК и ИЕА.
Договорот меѓу САД и Кина донесе олеснување на берзите, но аналитичарите предупредуваат дека ризикот и натаму е зголемен со оглед на тоа што договорот е привремен.