Пазари

Македонската берза ја зголемува сопственоста во ЦДХВ

Автор: Владимир Николоски

25 мај 2023, 10:45

Берзата купува уште 600 акции од Централниот депозитар за хартии од вредност

Македонска берза

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на последната седница и даде согласност на Македонска берза да се стекне со дополнителни 600 обични акции од Централниот депозитар за хартии од вредност, што заедно со претходно поседуваните акции претставува квалификувано учество од 29,82 проценти од вкупно издадените акции со право на глас.

Трансакцијата за стекнување на акциите треба да се изврши во рок од 90 календарски дена од денот на добивање на согласноста од Комисијата за стекнување на квалификувано учество, а како што е најавено акциите ќе бидат стекнати со сопствени средства на берзата.