text size
Zagreb Stock Exchange, Inc. (Загрепска берза) докупила уште осум акции на Македонска берза, АД, известија од берзата во Хрватска. Со последната трансакција Загрепската берза поседува 29,98 проценти од акциите на Македонска берза. Претходно на 18 август беше извршена купопродажба на 138 акции од Друштвото, а сите 146 акции сочинуваат 5,23 отсто од вкупниот капитал.