text size
Како што наближува крајот на годината така почнуваат калкулациите меѓу инвеститорите дали е време да се инвестира во акции што носат дивиденда. Внимателно се анализираат компаниските извештаи од третиот квартал, се прават проекции за приходите и профитот до крајот на годината и се анализира каква дивидендна политика имале досега компаниите. Еден од најдобрите индикатори во овој контекст е дивидендниот принос што покажува колкав принос ќе оствари имателот на акцијата доколку ја купи по пазарната цена и го оствари правото на дивиденда. За таа цел, во „Блумберг Адрија“ избравме по една компанија од главните индекси од шесте берзи во регионот чии акции имаат убедливо најголем дивиденден принос. Карактеристично е тоа што сите континуирано остваруваат добивка, повеќето од нив имаат традиција на исплата на дивиденди, но до некои од нив е тешко да се стигне поради затворената акционерска структура односно малиот број акции што се нудат за тргување на пазарот.