Пазари

За три дена се откупени стабилни криптовалути за нето три милијарди долари

Извор: Sidhartha Shukla/Bloomberg

16 март 2023, 10:21

„Сиркл интернет фајненшл“ рече дека откупил токени од УСДК во вредност од 3,8 милијарди долари

Тоа му помогна на УСДК да ја врати својата врзаност со еден долар, како стабилна валута

УСДК е втората стабилна валута, по најголемата на ривалскиот „Тетерс“

Bloomberg Mercury

Од понеделникот наутро до вчера беа откупени нето три милијарди долари од „УСД коин-УСДК“ (USD Coin), втората по големина стабилна валута на криптопазарот, како последица на американските банкарски превирања што го нарушија издавачот „Сиркл интернет фајненшл“ (Circle Internet Financial Ltd).

„Сиркл интернет фајненшл“ во објава на блог рече дека откупил токени од УСДК во вредност од 3,8 милијарди долари во текот на тој период и со тоа направи 800 милиони долари.

Стабилните пари, како УСДК, треба да имаат константна вредност, често поткрепена со гаранција како готовина и обврзници. Но УСДК падна од планираниот еден долар во текот на викендот, откако се покажа дека 3,3 милијарди долари од резервите користени за поддршка на токенот се во пропаднатата банка „Силикон валеј“ (СВБ). Регулаторите подоцна рекоа дека штедачите ќе си ги вратат парите, како дел од напорите да се зајакне довербата во американскиот финансиски систем.

„Сиркл интернет фајненшл“ исто така вети дека ќе го покрие секој недостиг од резерви. Тие напори му помогнаа на УСДК да ја врати својата врзаност со еден долар.

BloombergAdria.com

Американските банки „Силвергејт“ (Silvergate Capital Corp), СВБ и „Сигначур“ (Signature Bank) се соочија со колапс, и тоа сите во текот на овој месец. „Силвергејт“ и „Сигначур“ понудија мрежи за плаќања во реално време за криптокомпаниите, и тоа достапно 24 часа на ден. Загубата на овие капацитети ги принуди компаниите за дигитални средства да најдат алтернативни банкарски партнери.

„Сиркл интернет фајненшл“ во вторникот и вчера рече дека се договориле со нов банкарски партнер за трансакции за домашните американски и меѓународни банкарски трансакции и очекува дека веќе денеска ќе врати поголем дел од банкарските можности.

BloombergAdria.com

Тековната понуда на УСДК е намалена за околу 5,9 милијарди токени од 10 март, покажуваат податоците од „Дефилејм“ (DefiLlama). Во истиот период, понудата на ривалскиот „Тетерс“ (Tether's USDT) скокна за околу 2,5 милијарди токени, зацврстувајќи го неговиот статус како најголема стабилна криптовалута.