text size
По неколку лоши финансиски извештаи, берзата за криптовалути „Коинбејс“ (Coinbase) конечно постигна позитивни резултати. Според финансискиот извештај за првиот квартал годинава остварена e добивка од 773 милиони, што е за дури 23 отсто повеќе од претходните три месеци. Овој резултат ја надмина проценката од 655 милиони долари заработка.