text size
Криптовалутата Биткоин ги пропушти придобивките на глобалните пазари поттикнати од забавувањето на инфлацијата во САД, што предизвика претпазливост за изгледите за највредната криптовалута. Вредноста на оваа валута изгуби 0,7 отсто во четвртокот во однос на претходниот ден, додека акциите и обврзниците ги зголемија добивките на облозите дека се ближи крајот на затегнувањето на монетарната политика на Федералните резерви (ФЕД).