text size
Штип е на чекор да стане првата општина во земјава што ќе издаде обврзница. Постапката оди преку Комисијата за хартии од вредност (КХВ) и Министерството за финансии (МФ). Градоначалникот Иван Јорданов, во гостувањето на Блумберг Адрија ТВ, вели дека планот е со ова задолжување да се финансираат капитални проекти, кои подоцна сами ќе придонесат да се вратат парите од обврзницата.