Ликвидноста на пазарот на обврзници се топи поради СВБ
Извор: Masaki Kondo/Bloomberg
15 март 2023, 11:36
Мерката за нестабилност е на највисоко ниво од 2009 година
Ситуацијата стана посложена по пропаѓањето на СВБ
Bloomberg
Ликвидноста на најголемиот пазар на обврзници во светот падна и, се чини, најголем проблем е кризата предизвикана од колапсот на банката „Силикон валеј“ (СВБ), која би можела да ги доведе Федералните резерви (ФЕД) во тешка позиција.
Разликите меѓу понудената и бараната цена за двегодишните, 10-годишните и 30-годишните американски државни обврзници скокнаа на највисоко ниво во последните шест месеци, според податоците собрани од „Блумберг“. Приносот на 10-годишните записи беше во опсег од 34 базични поени, што е најширок коридор уште од пандемиската 2020 година.
„Неодамнешниот развој на пазарот, агресивноста од ФЕД, добрите економски показатели и ризиците од поголема банкарска криза се мешаат и ја прават ситуацијата сè потешка за поднесување“, вели Јуџин Леов од сингапурската ДБС (DBS Bank Ltd). Поширокиот опсег на споменатите ценовни разлики е показател за нестабилност и ги прави нервозни учесниците на пазарот.
BloombergAdria.com
Bloomberg Mercury
Падот на ликвидноста укажува и на фактот дека следните одлуки на ФЕД веќе не може толку лесно да се предвидат. Причина за тоа е колапсот на три американски банки, што ги покажа негативните ефекти од повисоките трошоци за задолжување на банките. Нестабилноста на тргувањето може да предизвика повеќе проблеми, бидејќи може да се прелее кај деривати што користат должнички записи како основа.
Индикаторот за нестабилност оваа недела достигна највисоко ниво од 2009 година, покажуваат податоците на „Интернешнл ексченџ“ (Intercontinental Exchange Inc.). Американските власти не се колебаа и ги осигурија од загуби штедачите на СВБ, но и на другите помали банки. Сепак, некои аналитичари не се сигурни дека работата е решена.
„Веројатно сè уште е рано да се размислува за потресите на банкарскиот пазар како завршена работа“, рече Кијоши Ишигане од „Мицубиши асет менаџмент“ (Mitsubishi UFJ Kokusai Asset Management Co.). „За неколку месеци можеме да видиме ново намалување на ликвидноста и нов раст на цените“, додаде тој.
Цените на нафтата малку паѓаат по најавите за можен напредок во преговорите меѓу САД и Иран, додека пазарот внимателно ги следи посетата на Трамп на Блискиот Исток и претстојните извештаи на ОПЕК и ИЕА.
Договорот меѓу САД и Кина донесе олеснување на берзите, но аналитичарите предупредуваат дека ризикот и натаму е зголемен со оглед на тоа што договорот е привремен.