text size
Еврото падна на 20 - годишен минимум во однос на американскиот долар по изгледите дека реакцијата на Европската централна банка ќе биде помалку агресивна што пак го зголеми уверувањето дека европската ќе се изедначи со зелената валута. Единствената валута падна за 1,2 отсто на 1.0298, што е најслаба вредност од декември 2002 година.