Номинацијата на Кевин Ворш за прв човек на Федерални резерви (Фед) се движи кон брзо решение, откако сенаторот Том Тилис се откажа од својата блокада поради одлуката на Министерството за правда да ја прекине кривичната истрага против актуелниот претседател на Фед Џером Пауел.
Тилис рече дека добил уверување дека случајот против Пауел и Фед е „целосно затворен“, додека главниот инспектор на Фед продолжува со одвоена истрага за пречекорување на трошоците за обновата на зградата на централната банка.
„Со овие уверувања, со нетрпение очекувам да ја поддржам потврдата на Ворш. Тој е исклучителен кандидат и време е Фед да се оддалечи од ова одвлекување на вниманието и повторно целосно да се фокусира на својата мисија“, рече Тилис.
Прочитај повеќе
Пресврт во истрагата со Пауел ја одржува драмата во Фед
Пауел добива силна поддршка во Фед додека растат шансите да остане и по 15 мај, што би ги отежнало плановите на Трамп за промени во централната банка.
25.04.2026
Варш вели дека иако Трамп го предложи, тој ќе биде независен
Кевин Варш, номиниран од претседателот Доналд Трамп за да ја предводи американската централна банка, изјави дека Федералните резерви имаат потреба од нова рамка за справување со упорната инфлација, без да понуди конкретни детали.
21.04.2026
Како драмата на Трамп со Фед може да му се врати како бумеранг и да го задржи Пауел на чело
Наместо брза смена, планот на Трамп за Фед се соочи со блокада што може да го одложи изборот на нов претседател на банката.
21.04.2026
Невработеноста во САД падна, бројот на нови работни места порасна над очекувањата
Растот на работните места во САД закрепна во март, а стапката на невработеност неочекувано падна, што сугерира дека пазарот на труд се стабилизира.
03.04.2026
Какви тактики користи Џером Пауел за да ги заштити Фед од Трамп?
Џером Пауел, чиј претседателски мандат во Фед истекува во мај, ја зацврстува позицијата на институцијата преку дебата, сојузи и јавни настапи додека расте притисокот од Трамп.
04.04.2026
Ворш, кој минатата недела сведочеше пред Сенатскиот одбор за банкарство, ужива широка поддршка кај републиканците. Одборот закажа гласање за неговата номинација за 29 април, а Тилис рече дека е „подготвен да продолжи со процесот на потврда“ и верува дека Ворш ќе биде „одличен претседател на Фед“.
Том Тилис/Bloomberg
Тилис, клучен глас во одборот, претходно се закануваше дека ќе го блокира тој потег додека Пауел е под истрага на сојузните обвинители, сметајќи го тоа за закана за независноста на централната банка.
„Тоа беше мојот проблем од самиот почеток, бидејќи сметав дека некои обвинители во Вашингтон го користат ова како алатка за да го натераат Пауел предвреме да си замине“, рече тој.
Истрагата на главниот инспектор ја води Мајкл Хоровиц, за кого Тилис вели дека е „меѓу најугледните во Вашингтон“, и верува дека ќе заклучи дека во проектот за обнова немало никакви неправилности.
Американската државна обвинителка за округот Колумбија, Џанин Пиро, издаде судски покани во јануари како дел од кривичната истрага за пречекорувањето на трошоците и сведочењето на Пауел пред Конгресот. Во петокот објави дека се откажува од истрагата додека надзорот на главниот инспектор продолжува, напоменувајќи дека би можела повторно да ја отвори ако се појават нови докази.
Мандатот на Пауел на чело на Фед истекува на 15 мај, но неговиот мандат во Управниот одбор трае до 2028 година, што значи дека одлуката на Министерството за правда не го гарантира неговото заминување од институцијата.
Претседателот Доналд Трамп кусо ја коментираше ситуацијата, велејќи дека очекува „мазно“ продолжување на процесот на номинацијата на Ворш, но не даде јасен сигнал за иднината на Пауел, велејќи дека сака дополнително да ги разјасни околностите за пречекорувањето на трошоците.
Иако потврдата на Ворш сега изгледа поизвесна, континуираниот политички притисок сугерира дека Пауел би можел да остане во Фед и по завршувањето на неговиот претседателски мандат, особено додека е во тек внатрешна истрага.
Ворш (56) беше гувернер на Фед од 2006 до 2011 година и оттогаш е чест критичар на работата на институцијата. На сослушувањето повика на „промена на режимот“ во начинот на спроведување на монетарната политика.