Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Кина дека се мешала во претседателските избори во САД во 2020 година, изнесувајќи тврдења кои претходно беа отфрлени од американските разузнавачки служби. Изјавите би можеле дополнително да ги искомпликуваат односите меѓу Вашингтон и Пекинг, во пресрет на најавената посета на кинескиот претседател Шји Џјинпинг на САД во септември.
Во телевизиско обраќање од Белата куќа, Трамп изјави дека кинеската влада украла податоци од околу 220 милиони избирачи, меѓу кои имиња, адреси и други чувствителни информации, оценувајќи го случајот како „најголемо компромитирање на изборни податоци во историјата“. Сепак, ваквите тврдења претходно беа демантирани од американските разузнавачки агенции.
Трамп, исто така, ги обвини разузнавачките служби дека прикривале информации за наводни кинески обиди за влијание врз изборите во 2020 година, на кои победи поранешниот претседател Џо Бајден.
Прочитај повеќе
Трамп вети целосно уништување на Иран ако има заговор за негов атентат
Претседателот Доналд Трамп го предупреди Иран дека американската војска „целосно ќе ги десеткува и уништи сите делови“ од Исламската Република доколку нејзините лидери се обидат или успеат да организираат негов атентат.
11.07.2026
Главни заклучоци од самитот на НАТО: Разговорите се вртеа околу Доналд Трамп
Лидерите на НАТО се собраа во Анкара оваа недела со цел да го импресионираат Доналд Трамп со низа договори за одбрана и планови за трошење.
08.07.2026
Министерството за финансии на САД промовира долари со потпис на Доналд Трамп
Традиционално, американската хартиена валута го содржи потписот на секретарот за финансии и благајникот на САД, а не на претседателот.
05.07.2026
Трамп се „изнаиграл“ на берза во 2025, имал преку 21.000 трансакции
Многу од зделките се случиле за време на зголемена нестабилност на Волстрит кога Трамп најавувал промени во политиките.
02.07.2026
Трамп тврди дека Мелони го молела за фото, таа вели дека тој измислува
Нова вербална војна помеѓу американскиот претседател и италијанската премиерка
19.06.2026
Од кинеската амбасада во Вашингтон ги отфрлија обвинувањата. Портпаролот Лиу Чанг изјави дека Кина доследно се придржува до принципот на немешање во внатрешните работи на други држави.
„Изборите во САД се внатрешно прашање на Соединетите Американски Држави. Нивниот исход го определуваат американските гласачи. Кина никогаш не се мешала и нема да се меша во претседателските избори во САД“, се наведува во соопштението на кинеската амбасада.
Сличен став изнесе и Хенри Ванг Хуијао, основач на тинк-тенкот „Центар за Кина и глобализација“, кој оцени дека Пекинг немал интерес да влијае врз изборите во 2020 година бидејќи немало јасен кандидат кој би бил наклонет кон Кина.
Тој предупреди дека ваквите обвинувања доаѓаат во чувствителен период за билатералните односи, особено пред планираната посета на Шји Џјинпинг на САД, додавајќи дека меѓусебните обвинувања не придонесуваат за стабилизирање на односите.
Обвинувањата на Трамп ги отфрли и демократскиот сенатор Марк Ворнер, член на таканаречената „Група на осум“, која ги надгледува разузнавачките прашања во Конгресот. Тој ги оцени тврдењата како „целосно неосновани“, нагласувајќи дека американските разузнавачки агенции едногласно заклучиле дека Кина не се обидела да промени ниту еден глас на изборите во 2020 година.
Овој став е содржан и во извештајот на американската разузнавачка заедница од 2021 година, во кој се наведува дека нема докази оти некој странски актер се обидел да влијае врз техничките аспекти на изборниот процес, вклучително и регистрацијата на гласачи, гласањето, пребројувањето на гласовите или објавувањето на резултатите.
Во извештајот се посочува дека изборниот систем во САД е децентрализиран и се спроведува од сојузните држави и локалните власти, што, заедно со сајбер-безбедносниот надзор, разузнавачките активности и постизборните ревизии, значително ја отежнува можноста за незабележана манипулација.