text size
Нафтата брент се стабилизираше на околу 101 долар за барел, откако новата ескалација на воените дејствија на Блискиот Исток ги засили стравувањата од нарушување на снабдувањето преку Ормускиот теснец.
Цената на глобалниот репер за нафта порасна за 3,4 отсто во средата и првпат од јули го надмина прагот од 100 долари за барел. Американската нафта ВТИ (WTI) се тргуваше над 96 долари за барел.
Дополнителен притисок врз пазарот создаваат сигналите од Техеран дека Иран не планира да отстапи во услови на американската поморска блокада. Висок ирански функционер изјавил дека земјата е подготвена дополнително да ги засили нападите доколку САД продолжат со нападите врз иранска територија.
Прочитај повеќе
Нафтата достигна 100 долари додека ескалира војната меѓу САД и Иран
Фјучерсите пораснаа за повеќе од два процента во Лондон.
пред 23 часа
„Голдман“ предупредува на ризик од цена на нафтата до 120 долари за барел
Суровата нафта се искачи на највисоко ниво од јули, бидејќи САД и Иран остануваат во ќор-сокак околу Ормускиот Теснец.
07.09.2026
Трамп: Конфликтот со Иран е ситница
Овие изјави доаѓаат еден ден откако потпретседателот Џеј Ди Венс рече дека не би ги опишал вооружените судири како „војна“, имајќи предвид дека главните борбени операции завршиле пред неколку месеци.
05.09.2026
Зошто Трамп не успева да ја уништи иранската економија?
Блокадата на САД го прекина извозот на нафта на Иран и ја продлабочи неговата валутна и инфлаторна криза, но децениското искуство со санкциите му помага на Техеран да избегне економски колапс.
03.09.2026
Обновените борби во изминатата недела ставија крај на периодот на релативно затишје и повторно ги поттикнаа цените на нафтата и природниот гас.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната нема да заврши пред ноемвриските избори за Конгресот, како и дека значително намалување на цените на бензинот не се очекува пред тој период. Тоа дополнително ги намалува очекувањата за брза деескалација на конфликтот, кој влезе во седмиот месец.
Според „Волстрит журнал“, советници во Белата куќа, меѓу кои и потпретседателот Џеј Ди Венс, во разговори со Трамп ја разгледувале можноста конфликтот со Иран да продолжи до крајот на неговиот мандат.
Такво сценарио би претставувало дополнителен товар за американските воени ресурси и би го зголемило ризикот од долготрајни нарушувања на снабдувањето со енергенти од Блискиот Исток.
Американската администрација се обидува да го притисне иранскиот економски систем преку поморска блокада, која веќе има влијание врз извозот на нафта од земјата. Вашингтон истовремено се заканува со санкции за владите и компаниите кои не ги прекинуваат врските со Техеран.
Иранскиот функционер признал дека економскиот притисок врз земјата се зголемува, но оценил дека иранското раководство смета оти продолжувањето на борбата е неопходно сè додека не се увери дека Вашингтон повторно нема да биде подготвен за напад.
Особено чувствително прашање за глобалниот енергетски пазар е Ормускиот теснец, преку кој, според американскиот министер за енергетика Крис Рајт, дневно се транспортираат нешто помалку од 11 милиони барели нафта и нафтени деривати.
„За цените да продолжат значително да растат, би требало неодамнешната ескалација да доведе до нови нарушувања на протокот на нафта низ Ормускиот теснец“, оцени Ворен Патерсон, шеф на стратегија за суровини во ИНГ (ING).
Стравувањата од продолжен конфликт веќе имаат значително влијание врз енергетските пазари. Цената на брент годинава е повисока за речиси 70 отсто, иако сè уште е под воениот максимум од 126 долари за барел, достигнат во април.
Дел од суровата нафта и натаму успева да стигне до пазарите од Персискиот Залив, што го ограничува дополнителниот ценовен притисок.
Кај рафинираните производи, меѓутоа, растот е уште поизразен. Дизелот бележи особено силно поскапување поради ризиците за снабдувањето поврзани со конфликтите со Иран и војната меѓу Русија и Украина.
На глобалниот пазар дополнителен фактор е зголеменото купување на нафта од Кина. Повисоките цени, сепак, ги притискаат помалите кинески рафинерии, кои би можеле во наредните недели да го намалат обемот на преработка.
Тоа, пак, би можело да ја ограничи побарувачката во најголемиот светски увозник на сурова нафта.
Во САД, во меѓувреме, цените на бензинот достигнаа рекорд за Денот на трудот, што претставува еден од најголемите политички ризици за републиканците пред ноемвриските избори. И цените на дизелот достигнаа рекордно високо ниво.
Според американската Управа за енергетски информации, залихите на индустриското гориво во САД се очекува овој месец да паднат на најниско ниво во повеќе од две децении.
Американскиот министер за енергетика Крис Рајт, сепак, очекува цените на бензинот да почнат да се намалуваат во наредните недели, во услови на напори за зголемување на капацитетите за рафинирање во САД.