text size
Националниот парк Галичица не добива финансиска поддршка од државата за управување. Во моментов се финансира од наплата на влезници и од меѓународни донации кои не се загарантирани и постојани и доколку тие средства се намалат или запрат, националниот парк може да се врати кон старите методи на финансирање, односно сечата на дрва, што според сите препораки, не треба да се применува бидејќи националните паркови се природно богатство кое е наменето за екотуризам.