Накратко од светот: „Голдман Сакс“ ја зголеми прогнозата за раст на S&P500
Американскиот претседател размислува за можноста да отпатува во Турција за да се приклучи на потенцијалните преговори за војната во Украина.
пред 9 часа
17 март 2023, 11:22
Синдикатот „Верди“ повика на штрајкови
Преговорите за платите и натаму се без исход
Штрајковите ќе завршат в сабота претпладне
Bloomberg Mercury
За петок е најавено откажување на 681 лет на аеродромите во Дизелдорф, Келн/Бон, Штутгарт и Карлсруе/Баден-Баден, при што ќе бидат погодени 89.000 патници, а ќе има и многубројни доцнења на летови поради штрајкови на работниците во најновиот бран на индустриски акции што ја погодија Германија, соопштија од Асоцијацијата на германските аеродроми (ADV).
Синдикатот „Верди“ повика на штрајкови бидејќи преговорите за платите во индустријата за воздухопловна безбедност и натаму се без исход, а продолжуваат и споровите за платите во јавниот сектор.
Според синдикатот, штрајковите во некои области нема да завршат до раните утрински часови в сабота.
Аеродромските оператори ги советуваа патниците да го проверат статусот на летовите со нивниот превозник или туроператор пред да појдат на аеродромот.