text size
Малкумина во Македонија ќе се израдуваат на веста дека според „Морган Стенли“ цените на половните рачни часовници од луксузните брендови „Ролекс“ „Патек Филип“ и „Одемар Пиге“ ќе продолжат да паѓаат бидејќи понудата останува висока. Причината е едноставна, и со пониски цени овие часовници ќе останат само сон за најголем број македонски граѓани. Од друга страна, информацијата дека автомобилските компании ги зголемиле профитите во првата половина од годинава повеќе од очекувањата може да биде причина за радост кај повеќемина со оглед на тоа што голем број делови за автомобилската индустрија се произведуваат во земјава. Денес, финансискиот свет ќе го очекува исходот од состанокот на ЕЦБ.