Општо

Следната недела: Кој штеди за пензија?

Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

4 август 2023, 10:00

Какви се резултатите од работењето на задолжителните и доброволните пензиски фондови?

Вложувањата во должнички хартии од вредност пораснаа за 5,5 отсто на квартална основа

Кој ќе плати данок на солидарност?

Следната недела: Кој штеди за пензија?

Bloomberg Mercury

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

Неделава што измина е во знакот на пензиите и пензионерите. Власта се пофали дека од септември ќе има ново зголемување на месечните примања на најстарите граѓани за 6,8 отсто. Пензионерите се налутија зошто покачувањето за функционерите е 78, а за нив само 6,8 отсто. Во Прилеп организираа и протест. Бараат зголемувањето на пензиите да биде линеарно, а не процентуално, затоа што вака најбогатите добиваат најмногу.

Овие сегашни пензионери добиваат приход само од државниот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), но идните пензионери ќе имаат повеќе можности. Затоа ќе анализираме кој штеди за пензија и какви се резултатите од работењето на задолжителните и доброволните пензиски фондови.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Ќе видиме и зошто растат вложувањата во должнички хартии од вредност, каде што на квартална основа растот изнесува 5,5 отсто.

Ќе провериме и кој ќе плати данок на солидарност. Откако законот доби европско знаменце, јасно е дека данокот ќе мора да се плати, затоа врз основа на компаниските извештаи ќе видиме кој и колку ќе придонесе по оваа основа во буџетот.

Една од добростоечките индустрии во земјава е фармацевтската. Ќе анализираме како работат компаниите од овој сектор во Македонија, а со помош на терминалот на „Блумберг“ ќе ги видиме и бројките за светските гиганти.

Идната недела ќе се занимаваме уште со две евергрин-теми. Туризам – како и секој август, Охрид е целосно полн, но што друго може да понуди земјава. И, се разбира, инфлацијата – идната недела Државната статистика ќе објави колку пораснале трошоците за живот во јули. Оттука, ќе анализираме дали е оправдана последната одлука на НБРМ за ново зголемување на основната камата и дали затегнувањето на монетарната политика треба да продолжи.

Сите новости од рубриката Политика

Политика

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите