Добиено е известување од пријателска Турција, дека креаторот, главниот коoрдинатор и директниот извршител на овие дела е фатен од тамошните служби, соопшти вечерва на прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Длабоко во себе посакував фаќањето на злосторникот да оди брзо“, рече Спасовски и упати благодарност до властите на повеќе земји кои се ангажирале во потрагата по осомничениот, откако вчера попладне беше распишана меѓународна потерница.
Палевски e осомничен дека ги организирал грабнувањата и дека лично со пиштол ги убил 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, на 27 неоември, и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес на 22 ноември. Потоа, тој доби мерка притвор од 30 дена која ќе се спроведе веднаш по неговото наоѓање.
Прочитај повеќе

Се бара притвор за лице кое помогнало за бегство по убиството на Вања
Поднесен е предлог за определување краткотраен 48-часовен притвор против против 46-годишен скопјанец.
05.12.2023

Таткото на убиената Вања негира вмешаност во грабнувањето
Истражните органи вчера на прес-конференција ја образложуваа инволвираноста на таткото на Вања во случајот.
05.12.2023

По убиецот на Вања интензивно се трага, во злосторството е вклучен и член од семејството
Министерот Оливер Спасовски на прес-конференција кажа дека во случајот бил вклучен и член на семејството, а целта била да се изнудат пари од мајката на Вања.
04.12.2023

ЈОРМ: Пронајдено е безживотното тело на Вања Ѓорчевска
Девојчето биле убиено уште во понеделникот, само неколку часа откако исчезна
03.12.2023
Министерот накратко раскажа и за маршрутата на Палевски откако избегал од земјава.
„Во Србија заминува со неговиот адвокат од Скопје со автомобил 'шкода суперб' и e оставен во хотел. Оттаму наредниот ден го презема друго лице од Скопје со џип марка „ренџ ровер“ и преку граничниот премин Градина влегува во Бугарија. Има транспорт низ територијата на Бугарија и влегува во Турција. Во Турција оди во градот Баликесир и нашите служби стапуваат во контакт, не само со полицијата, туку и со нивен оперативен извор, кој за многу кратко време ни врати информација дека тој се наоѓа во Беликесир и ни кажа за неговите намери, дека оттука има намера да замине за Истанбул. Односно, симулира дека оди за Истанбул со такси, но пак се враќа во градот и потоа од колегите од Турција е уапсен, како се движи пешки по еден од автопатите во Беликесир“, изјави Спасовски.
Министерот претходно на прес-конференцијата кажа дека на повеќе од 100 страници е подготвена кривичната пријава за убиствата. Со неа се опфатени пет лица - еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршителство при убиство и еден за помагање при грабнување, осомничени согласно со доказите кои ги прибрала полицијата во предистражната постапка.
„Од овој момент натаму предметот е во целосна надежност на јавното обвинителство“, нагласи Спасовски.