Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски, кое преку Министерството за надворешни работи ќе биде доставено по дипломатски пат до турските власти.
Од Министерството за правда соопштуваат дека оригинален документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е испратен и до Интерпол.
„Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесирање и постапување од нивна страна во најкраток можен рок“, велат од надлежното министерство.
Прочитај повеќе

Кривична пријава против возачот со кој Палевски замина до Турција
„Во согласност со она што го имаме потврдено, службите ме информираа дека ќе се поднесе кривична пријава“, изјави министерот Спасовски.
07.12.2023

Обвинителството отвори истрага за две убиства на свиреп начин
Истражната постапка се води против пет лица.
06.12.2023

Во Турција фатен главниот осомничен за убиството на Вања
Добиено е известување од Турција, дека креаторот, главниот координатор и директниот извршител е фатен од тамошните служби.
05.12.2023

Се бара притвор за лице кое помогнало за бегство по убиството на Вања
Поднесен е предлог за определување краткотраен 48-часовен притвор против против 46-годишен скопјанец.
05.12.2023

Таткото на убиената Вања негира вмешаност во грабнувањето
Истражните органи вчера на прес-конференција ја образложуваа инволвираноста на таткото на Вања во случајот.
05.12.2023
Барањето за екстрадиција што министерот за правда Кренар Лога го потпиша вчера доаѓа по апсењето во Турција на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Меѓународната потерница по него беше издадена на 4 декември, а апсењето се случи утредента.
Палевски е осомничен за две кривични дела грабнување и две убиства на свиреп начин. Во истрагата на Јавното обвинителство се опфатени уште четири лица, односно соизвршителите Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината.
Во случајот, според истрагата, е вмешан и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого Обвинителството информира дека ги негирал дејствата.