text size
Данската кралица Маргрета Втора, монарх со најдолг стаж во светот, рече дека ќе му ја предаде функцијата на својот син по 52 години на тронот. Кралицата (83) наведе дека влошувањето на нејзиното здравје е главната причина за нејзината одлука, во говорот во неделата пред нацијата. Таа формално ќе се повлече на 14 јануари, оставајќи го тронот на нејзиниот најстар син, 55-годишниот престолонаследник Фредерик.