text size
Западен Балкан доби 3,4 милијарди евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за стратешки патни проекти од 2004 година, нагласува Извештајот за влијанието на ЕИБ на глобално ниво за периодот 2025 – 2026 година што ги покрива операциите на банката надвор од Европската Унија. Финансирањето овозможи надградба и развој на 37 стратешки проекти за патна инфраструктура во регионот и помогна при мобилизирање 6,9 милијарди евра вкупни инвестиции.