text size
Во исчекување на одлуката на НБРМ за движењето на основната камата во земјава, од САД доаѓаат неповолни вести. Инфлацијата во февруари, втор месец по ред, била над прогнозите. Ваквите податоци ги засилуваат намерите на ФЕД да почека со олабавувањето на монетарната политика. Уште пред да бидат објавени бројките за инфлацијата, економистите на „Блумберг“ анализираа дека тие нема да ги натераат креаторите на политиките во ФЕД да ги намалат каматите на следниот состанок.