text size
Се прогнозира дека температурите ќе надминат 35 Целзиусови степени во француската престолнина кога Олимпијадата ќе биде во полн ек следната недела.
Париз ќе биде блиску до 30 Целзиусови степени в петок, на денот на церемонијата на отворање, а потоа, на почетокот на следната недела, ќе биде уште потопло, според синоптичарската платформа „Ветер сервисес“ (Weather Services International). Температурите нема да се спуштат под 20 Целзиусови степени бидејќи во Европа продолжува топлиот бран.
Климатските промени ги зголемуваат фреквенцијата и интензитетот на топлотните бранови, доведувајќи до екстремни временски настани од поплави до пожари. Додека Грција и Балканот беа најтешко погодените делови на Европа досега ова лето, многу делови од Шпанија исто така ќе забележат 42 степена во наредните денови.
Во Грција за 24 часа, до 18 часот во неделата, имало 30 пожари. Голем дел од земјата, вклучувајќи ги и Атина и Солун, е под голема опасност од пожари, а делови од јужниот регион на Пелопонез се под многу висока опасност од пожари.
Прочитајте повеќе на овој ЛИНК.