Со влегувањето во светот на вештачката интелигенција, „Блумберг Адрија“ (Bloomberg Adria) им се приклучува на водечките светски медиуми, кои го препознаваат потенцијалот на новите технологии за подобрување на работните процеси и корисничкото искуство.
Со овој чекор станавме првиот медиум во регионот што ја вклучи вештачката интелигенција (ВИ) во своето секојдневно работење во толку напредна форма, по примерот на светските гиганти.
За да станете дел од тоа искуство, не треба ништо да платите. Потребна е само регистрација. Но пред тоа, дозволете ни да ви ја доловиме комплетната слика зад овој чекор.
Нашата одлука да воведеме вештачка интелигенција се базира на клучниот принцип по кој се водиме во нашата работа - новинарската етика. Сфаќаме дека иновациите мора да им служат на читателите и да поддржуваат професионално и одговорно новинарство. Затоа во „Блумберг Адрија“ вештачката интелигенција ја користиме исклучиво за предвидување на читаноста на содржините, анализа на потенцијалниот успех на статиите и оптимизација на прикажувањето на вестите на насловната страница. „Не грижете се, зад сето ова и понатаму стојат луѓе и највисоките новинарски стандарди“.
Корисничко искуство приспособено на вашите интереси
„Филмовите, музиката и објавите на социјалните мрежи веќе долго време ви ги избира ВИ. Време е да ги отвориме тие врати и во новинарството. Нашата технологија базирана на вештачка интелигенција ни овозможува да им ги претставиме на читателите вестите на денот, истовремено обезбедувајќи содржина што ги одразува нивните лични интереси. На пример, ако ги следите движењата на финансиските пазари, криптовалутите или енергетскиот сектор, системот ќе ги препознае вашите преференции и ќе ја зголеми присутноста на тие содржини во вашето корисничко искуство. Важно е да се нагласи дека системот не го ограничува вашиот пристап до најважните деловни теми на денот“.
Безбедноста и приватноста на прво место
Сфаќаме дека вештачката интелигенција отвора прашања за безбедноста на податоците и заштитата на приватноста. Во „Блумберг Адрија“ таа одговорност ја сфаќаме крајно сериозно. Нашите системи се дизајнирани така што корисничките податоци никогаш не ја напуштаат нашата веб-страница. Целиот процес е развиен во согласност со најстрогите GDPR стандарди.
Ексклузивно за нашите претплатници
Новата услуга ќе биде достапна исклучиво за нашите регистрирани корисници и претплатници. Клучната предност е целосната флексибилност - корисниците можат во секое време да го деактивираат системот за приспособување на содржината. Нашата цел е да изградиме медиумски екосистем што заслужува доверба и ги почитува желбите и правата на читателите.
Чекор кон иднината на медиумите
Нашата визија е јасна - сакаме да останеме водечки извор на информации во регионот, обезбедувајќи им на читателите не само вести туку и разбирање на светот околу нив. Веруваме дека вештачката интелигенција, ако се користи одговорно и промислено, може да стане клучна алатка во постигнувањето на таа цел.
Со овој чекор „Блумберг Адрија“ отвора ново поглавје во регионот и поставува стандарди за иднината на медиумскиот сектор.