Рејтингот на Емануел Макрон падна на најниско ниво откако стана претседател на Франција во 2017 година, покажува анкетата на Ифоп (Ifop).
Неговата популарност во јануари падна на 21 отсто, што е за три процентни поени помалку од претходниот месец и го симна резултатот под нивото постигнато дури и за време на протестите на „жолтите елеци“, кои започнаа кон крајот на 2018 година.
Технологијата во 2025 година: Подгответе се за нова индустриска револуција
Замислете свет во кој сложените пресметки што некогаш бараа години се решаваат за неколку секунди. Каде што асистентите не се само дигитални гласови туку верни соработници, подготвени да ги предвидат вашите потреби. Свет во кој невролошките болести се минато благодарение на мозочните импланти, а роботите веќе не се машини, туку ваши партнери во домот и на работното место. Ова е иднината што веќе се обликува пред нашите очи и веројатно ќе стане секојдневие во годините што претстојат.
Во една тивка лабораторија научниците од „Гугл“ (Google) создадоа машина што го направи незамисливото. Тие во декември открија дека нивниот најнов квантен процесор Вилоу (Willow) за пет минути решил проблем што најмоќните суперкомпјутери во светот не би можеле да го решат дури и ако работеле на него од почетокот на универзумот.
Кои се најочекуваните иновации во регионот Адрија?
Почна снимањето на втората сезона на реалното шоу за стартапи „Фаундер гејмс“ (The Founder Games). Овој уникатен телевизиски концепт, инаку комплетно македонски производ, овој пат е најавен како голем регионален проект, со двојно повеќе учесници и награден фонд од 300.000 евра. Победникот добива и патување во Силициумската Долина.
Шоуто ќе почне да се прикажува во септември на повеќе регионални телевизии, а креаторите најавуваат содржина што ќе биде достапна за над 100 милиони луѓе преку различни канали, стриминг-платформи и социјални мрежи. Освен од регионот Адрија, во новата сезона ќе се натпреваруваат и стартапи од Бугарија, Албанија, Грција, Кипар, Романија, Турција, Полска и Унгарија.
Рециклирањето на електронскиот отпад е изненадувачки вносен бизнис
Во Лагос, најнаселениот град во Нигерија, Тијани Абубакар води неочекуван и профитабилен бизнис: тој им продава ѓубре од една од најсиромашните земји во светот на некои од најбогатите. Во Нигерија и во други земји претприемачите заработуваат добри пари од препродавање електронски отпад.
Електронскиот отпад, познат и како е-отпад, се однесува на широк спектар фрлени производи со кабел или батерија. Тоа вклучува компјутери, телефони, контролери за игри и други уреди што сите ги користиме и ги фрламе во сѐ поголеми количества. Според Обединетите нации (ОН), годишно се произведуваат повеќе од 68 милиони тони електронски отпад низ светот, што е доволно да се наполни конвој од камиони што би го обиколил екваторот. Прашањето како да се справиме со сиот тој отпад станува сè поважно.
ЕУ ги олеснува ЕСГ-правилата под притисок од Германија и Франција?
Француските власти бараат темелни реформи на европската регулаторна рамка, почнувајќи од правилата за ЕСГ (ESG), со цел да се одговори на падот на конкурентноста на блокот во глобални рамки. Процесот на поедноставување треба да започне со „голема регулаторна пауза“, се наведува во документ од 22 страници, кој „Блумберг“ го доби на увид.
Освен тоа, неодамна донесените закони мора да се преиспитаат и да се приспособат бидејќи, како што се наведува во документот од 20 јануари, „тие не се приспособени на новиот контекст на зголемена меѓународна конкуренција и некооперативни политики на нашите главни глобални конкуренти“.
Ќе стане ли Тајланд азиски Лас Вегас?
Многу Тајланѓани сè уште не го одобруваат планот на владата да дозволи инвестиции во казина и легализација на онлајн коцкањето и покрај тоа што премиерот се обиде да ги увери граѓаните дека иницијативата ќе донесе економски придобивки. Околу 59 проценти од испитаниците во спроведената анкета не се согласуваат со идејата да се инвестира во специјализирани казино-комплекси во Тајланд, каде што ќе има казина, хотели, конгресни сали и забавни паркови.
„Тајланд може да се појави како главен играч во глобалната индустрија за игри ако казината станат целосно оперативни за околу шест години“, сметаат од „Ситигруп“ (Citigroup Inc.).